Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мемов: Потребна е реформа на пензискиот систем, еден од начините е инвестирање на парите од приватните фондови во државни капитални инвестиции

/

Македонија

Сподели преку :

Директорот на ПИОМ Никола Мемов вечерва во интервју за Топ Тема рече дека е   многу важно пензиските друштва во вториот столб  да можат послободно да инвестираат.

-Како  најважна работа за пензиските друштва во вториот столб е да можат  послободно да инвестираат во пазарите. Над 300 милиони евра одат во вториот столб. Законски тие можат да ги оплодуваат на странски берзи. Треба да има измени во законот на инвестирање на овие средства. Можеби треба да се размислува пензиските друштва да инвестираат во државни капитални инвестиции. Сите овие 640 илјади осигуреници може да бидат акционери во на пример Чебрен и Галиште и да добијат профит.  Треба законска регулатива да им се овозможи за да можат да размислуваат за инвестиции. Пензиските друштва секогаш се расположени да имаат поголемо акциско портфолио. Со ваквата методологија ќе може поголем процент да се инвестира дали во државни капитални инвестиции или во берзи. Идејата е следна МАПАС е државна и ќе ги контролира пласманите на тие друштва. Еве и идеја – преземање на скалест ризик во дел на инвестирањето – младите осигуреници ќе имаат повисок ризик, средните помал, а трета категорија на граѓани да немаат ризик, рече Мемов.

Прашан како да се спречи сивата економија, Мемов рече дека треба да се искористат сите механизми за да не се дозволи тоа да се случува.

  • Прибирањето на средствата од пензискиот фонд ги собира УЈП. Граѓаните треба да знаат дека сите средства на државата по основ на придонеси го има УЈП. Државата треба да си ги собере сите побарувања по основ на придонеси. Ние како ЗНАМ сме целосно за тоа инспекциските служби да си ја вршат својата работа. Кога ќе се смени методологијата, на работодавачите сами ќе им биде исплатливо да ги плаќаат придонесите. Ако се уплаќаат придонеси на вистинскиот износ ќе добијат повисока пензија. Ние треба да создадеме клима работодавачите сами да исплаќаат целосни придонеси, додаде Мемов.

 

 

 

Jumbo 2