Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со искази на вештаци продолжи судењето на Ива Михаилова – обвинета за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици

/

Македонија

Сподели преку :

Во кочанскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процец во кој на обвинителна клупа е Ива Михаилова од Кочани, поради сторена сообраќајна несреќа со смртни последици.

Искази даваа вештаците за несреќата, а судницата повторно беше преполна со политичари од Бугарија и роднини на Михаилова, која тврди дека поради нејзиното двојно државјанство македонско и бугарско е дискриминирана од македонските власти и не и дозволуваат да се лекува надвор од Македонија.

Несреќата се случи лани во октомври во која едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова.  Таа ја отфрла вината за несреќата и тврди дека не настанала по нејзина вина.

Михаилова доби поддршка од бугарските пратеници откако ѝ беше одбиено барањето да ѝ бидат вратени личните документи, кои и се одземени како мерки на претпазливост, за да може да се лекува надвор од Македонија.

Нејзиното барање беше одбиено од Основниот суд во Кочани на почетокот на август, а подоцна одлуката ја потврди и второстепениот суд Апелацискиот во Штип

Jumbo 2