Обвинетиот серискиот убиец од Куманово Трајко Бојковски призна убиство на три жени и рече дека убивал поради пари. За разлика од претходните рочишта која го негираше обвинението, денеска призна убиство на три жени од вкупно 4 – за колку што го товари обвинителството. . Сведочеше конфузно, повторуваше постојано дека убил „три баби“ но кога се споменаа имињата на жртвите не беше прецизен кои се неговите жртви. Призна и дека имал два обиди за убиство.
Обвинителството го гони за убиство на четири жени а убиствата според наодите на психијатрите ги извршил за да ги задоволи своите сексуални страсти врз мртви жени. Ваквите наводи тој ги отфрли и рече дека убивал поради пари.
На денешното рочиште беше презентирано и вештачењето од д-р Стојан Бајракатров од Клиниката за психијатрија. Тој рече дека обвинетиот бил пресметлив кога ги извршувал убиствата.
Обвинителот Љубомир Лапе рече дека обвинетиот има право да одбере како ќе се брани но напомена дека тој сепак ги признал сите убиства пред обвинителството..
„Тој самиот не знаеше кое кривично дело го негира па на сите вкрстени прашња одговори потврдно. Тој кривичните дела ги призна кај јавен обвинител а има и други докази со кои се поткрепува обвинението. Начинот на одбрана е негово право.
Тој смета дека така најверојатно ќе си ја олесни работата и психијатрите сметаат дека обвинетиот делува во насока да си ја олесни состојбата“, рече обвинител Љубомир Лапе.
Завршните зборови на 6 октомври, по што ќе следува пресуда.













