Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: 11 недели нема извештај за водата во Гостивар и во 50 други места а туркаат 5 рудници, антимон и дата-центри

/

Македонија

Сподели преку :

Поминаа 11 недели од труењето во Гостивар. Поминаа недели откако беше објавено дека во 50 населени места ширум Македонија водата не е исправна за пиење. 11 недели нема извештај, нема одговори, нема одговорност. Нема одговор кој ги загади реките Лепенец и Вардар, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

  • Криминалната власт на Мицкоски не може чиста вода да обезбеди за граѓаните а турка пет нови рудници, антимон, дата – центри.  Пет нови рудници во Нацрт просторниот план.  Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув.  Меѓу нив и рудник за антимон, метал за воена индустрија. Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата.  Во близина на стари рудници во светот почвата и водата со години остануваат отровни.  Се врзуваат често и со арсен.  Штетно за белите дробови, црниот дроб, кожата, срцето, велат од опозицијата.

Потенцират дека и дата-центрите им се веќе договорени, компанија објави дека добила пристап до 100Mw струја и до реката Вардар.

Jumbo 2