Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени денеска во 14 часот и 4 минути беше почувствуван во југозападниот дел на земјата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците на Опсерваторијата, епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала – се наведува во соопштението.













