Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Малолетните деца кои учествувале во насилството врз шест годишното дете во Кочани дале различни изјави-градоначалникот уверува дека училиштето ќе соработува со МВР и ОЈО

/

Македонија

Сподели преку :

Градоначалникот на Кочани Владко Грозданов во изјава за Телма вели дека училиштето во координација со МВР и Обвинителството ќе ги преземе сите мерки во случајот со шест и полгодишно дете кое било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани.

Како што објасни градоначалникот земена е изјава и од шест годишното дете чиј родител го пријави случајот, но и од сите деца кои учествувале во немилиот настан, исказите како што изјави Грозданов за Телма им биле различни.

Инаку случајот на 24 септември во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето. Според пријавеното, во настанот биле вклучени неколку малолетни деца, повозрасни од неговото дете.

Шестгодишно дете нападнато, соблечено и снимено со смарт часовник – насилството се случило во соблекувална во училиште во Кочани

Шест и полгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани. Случајот на 24 септември во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето. Според пријавеното, во настанот биле вклучени неколку малолетни деца, повозрасни од неговото дете. „На… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2