И по една година молк дали во државата се правеле непотребни операции на срце. Се направија комисии домашни и странски, извештаите се доставуваа до надлежни институции, се апелираше за пријави од граѓани, но никој се уште не обелодени што точно се случувало и дали сомнежите што ги изнесе кардиологот Сашко Кедев се вистинити.
Но додека граѓаните чекаат епилог од обвинителството, според извори на Телма извештајот воопшто не стигнал во нивни раце. Извори брифираат дека случајот е архивиран во министерството за здравство, потпишан од членови и оставен во архивите.
Случајот го почна поранешниот министер Азир Алиу, но прашан сегашниот за здравство Сашо Клековски вели дека се уште нема увид во извештајот бидејќи нема безбедносен сертификат. Кога документот ќе биде достапен до него, најави дека ќе излезе со свој став. Но зошто овој извештај е класифициран и зошто до него немаат увид други лица освен членовите на комисиите, Клековски со став.
„Тоа ќе треба да го прашате претходниот министер бидејќи тоа е негова одлука. Тој е разгледуван на затворена седница на Владата и во основа до него има пристап само тие што имаат безбедносен сертификат. Јас како директор на фондот за здравство не чувствував дека имам потреба од безбедносен сертификат и не поседувам таков, сега поднесов документи. Тоа е постапка пред националната безбедност каде треба да се помине. Чим го обезбедам сертификатот ќе се запознам со предметот. Мојот личен став е дека надвор од заштита на лични податоци и здравствени податоци на пациентите нема што да се крие во стручните надзори, бидејќи тоа е стручен надзор“, рече Сашо Клековски министер за здравство
Кардиологот Сашко Кедев изнесе тврдења во јавноста дека приватни болници правеле непотребни операции на срце само за да земат државни пари. Министерството за здравство најави вонредни надзори и формирање стручни комисии. Во ноември 2025 година, домашниот експертски тим потврди сомнежи за 10 од 19 проверени кардиолошки операции дека биле непотребни. Неколку месеци подоцна, странската комисија, анализирајќи 13 случаи, утврдила дека кај девет пациенти биле извршени непотребни кардиолошки или кардиохируршки интервенции, додека само четири случаи биле оправдани. Кардиологот Сашко Кедев изрази револст порад застојот во работата и недостиг на целосната завршница и достава на извештаите, па пред неколку месеци си поднесе оставка и си замина од здравствениот совет при министерството за здравство.
Симона Петровска













