Обврска е на градоначалниците да извршат дератизација – изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски пред почетокот на седницата на ЗЕЛС. Тој најави дека на состанокот уште еднаш ќе ги постети на нивните обврски иако вели тоа претходно го сторил и со допис испратен од неговиот кабинет и од Центарот за јавно здравје.
Граѓани од повеќе скопски општини, посебно од општина Центар пријавија дека изминатите недели речиси секoј ден гледаат живи или мртви глувци и стаорци.

Мртов стаорец, непријатна миризба и рој оси околу него – ова е сликата што денеска ја затекнавме во населбата Буњаковец, во Општина Центар. Овде може да се забележат угинати глувци, а само на неколку метри се наоѓа основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци,“ На улицата има голем број станбени и деловни објекти, но и стари и… Продолжи со читање













