Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозициско обединување, промени во СДСМ и пораз на власта – екс-функционери бараат промени во партијата, Филипче вели дека се платени од власта

/

Македонија

Сподели преку :

Обединување на опозицискиот фронт, пораз на власта и спасување на социјалдемократскиот курс на СДСМ. Ова се главните цели на новата платформа сочинета од актуелни и поранешни партиски функционери. „Нема да бидеме нова политичка партија, нема да креираме ни независни листи за парламентарни избори“, кажа екс-потпретседателот на СДСМ, Игор Ивановски, на денешниот брифинг. Како еден од предводниците на Платформата смета дека во моментов, во општеството има големо опозициско расположение кое не може да се артикулира поради отсуството на енергична, јасна и фокусирана опозиција.

Пратеничката Славјанка Петровска вели дека неусогласеноста во СДСМ оди во прилог на власта. Не сака да коментира околу тоа колку се лојални на раководството нејзините колеги од пратеничката група, но тврди дека ја делат загриженоста за состојбите во партијата. Одбила понуда да да биде дел од раководството, но за сметка на тоа да премолчува работи.

Андреј Петров вели дека тие нема никогаш да повикаат да се гласа против СДСМ, нема да бојкотираат избори и нема да апстинираат.

  • „СДСМ сега е заробена партија. И со статут и со политики. Зад нашата платформа не стои ниту еден бизнисмен којшто нѐ финансира. Наша е и автентична. Фундаментално, ние правиме дистинкција помеѓу раководството и членството на СДСМ. И ние сме СДСМ. Нема да бидеме нова политичка партија. Целта нѝ е да ги интегрираме сите здраворазумски луѓе во граѓанска, мултиетничка платформа за да биде успешна и да донесе промени во ова раководство на СДСМ. Сметаме дека тогаш опозицискиот фронт ќе биде во позиција да ја промени оваа власт. Потребна нѝ е промена на политиките“, вели Игор Ивановски, поранешен функционер на СДСМ. 

Поранешниот портпарол и член на раководните тела на СДСМ, Емилијан Станковиќ, остро го критикува претседателот Филипче, дека тој не е претставник на членството и дека зел членска книшка пред да стане министер.

Актуелното раководство на партијата остро возвраќа. За претседателот Филипче, луѓето кои бараат промени во партиските структури се платени од власта.

  • „Ако тие луѓе имаат навистина добра намера и ако сакаат нешто да помогнат во оваа тешка опозициска битка – гледајте со каква арамиска банда имаме намера, нека се приклучат. Отворени им се вратите на партијата. Тоа се партиски членови. Не може да објаснат дека имаат добра намера, а не доаѓаат на отворена врата да дебатираме заедно и да ги споиме силите. Жалам што имаме информации во коишто нѝ се потрвдуваат сомнежите дека тие се платени од власта“, кажа Венко Филипче, претседател на СДСМ. 

Филипче го обвини поранешниот генерален секретар на партијата Никола Ќуркчиев кој исто така е дел од Платформата, дека фирмата којашто тој ја претставувал добила тендер од 1,6 милиони евра од државна фирма.

Ќуркчиев денеска одговори дека документот во којшто го пишува неговото име како овластен претставник е фалсификат. Вели дека за фалсификатот ќе следи кривична пријава, а најави постапка и за клевета.

Петар Догов

Jumbo 2