Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Добивката на Лотарија не е приватна каса, рече Спасовски и побара отчет за потрошени пари за независноста – Јанкуловски одговори: Ви боде очи добрата организација

/

Македонија

Сподели преку :

Добивката на Лотарија не е приватна каса – рече денеска во Собранието пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски и ја праша Владата дали  во својство на Собрание на акционери на АД Државна лотарија донела одлука за користење на 300 милиони денари од нераспределената добивка за прославата на 35-годишнината од независноста, дали се платени сите даноци поврзани со организацијата на настанот кои ги избирал настапувачите и кои  компании обезбедиле дополнителни околу 40 милиони денари.

Во одговорот, заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски оцени дека станува збор за еден од најуспешно организираните настани по повод јубилејот на независноста и рече дека Владата е горда на начинот на кој било одбележано 35-годишнината од независноста.Според него добрата организација бодела очи на опозицијата и го упати прашањата да ги испрати до надлежните органи.

Jumbo 2