Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентка се жали: Не можам да извадам извод, а поднесов барање пред повеќе од 10 дена

/

Македонија

Сподели преку :

Македонските студентите кои деновите ги собираат потребните документи за да се вратат на факултет во странство се соочуваат со административни пречки.

Тие, покрај другите документи, секоја година за да добијат право на престој во државите каде што студираат, мора да извадат Интернационален извод од Матичната книга на родени.

Студентка која во сабота заминува за Словенија, до Телма испрати фотографии на кои се гледа дека поднесокот на порталот uslugi.gov.mk се уште се процесира иако се изминати веќе 10 работни дена.

  • Во обид да добијам попрецизен одговор отидов и на шалтер по одговори но, и таму ми рекоа дека по внесувањето на мојот матичен број нема информација за поднесокот, објаснува стидентката.

Па во обид за излезе од вртлогот на македонските институции повторно уплатила на шалтер за истата на улуга за која веќе дигитално се обидела да го добие потребниот документ.

Студентката вели дека слична е ситуацијата и кога се вадат потврди во Фондот за здравство, како и  Потврдата од суд за неосудуваност, каде се чека повеќе од предвидените пет работни дена.

Инаку uslugi.gov.mk е портал на кој покрај физичките лица и компаниите можа да понедат барања за одредени документи.

Jumbo 2