Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири недели молк од АВМУ за Арена М – ММA бара конкретни одговори

/

Економија

Сподели преку :

Од Македонската медиумска асоцијација денеска повторно упатија прашања до претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизулни медиумски услуги Зоран Трајчевски во врска со Арена М каналите, откако  четири недели избегнува да одговори.

Од Македонската медиумска асоцијација сметаат  дека е крајно несериозно да се игнорираат прашањата  на најголемите и највлијателните радиодифузери во Македонија, а поврзани со  нелегалното емитување на Арена М каналите.

По ставот на Трајчевски дека програмските сервиси Arena M1, M2 и M3 Premium претставуваат странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, од асоцијацијата бараат одговори на следниве прашања:

1. Дали во релевантната документација доставена до ААВМУ постои лиценца/дозвола издадена од надлежен регулатор на странска држава за Arena M1, M2 и M3 Premium?
Доколку постои од која држава, кој регулатор, датумот на издавање и точниот архивски/регистарски број на дозволата.

2. Дали Северната трибина на Градскиот стадион во Скопје претставува територија на Република Србија, од која навистина се генерира изворниот странски програмски сервис или станува збор само за техничка точка преку која поминува сигналот, со цел сервис произведен и уредуван во Македонија формално да биде претставен како странски и со тоа да се избегнат законските обврски што важат за македонски радиодифузер?

3. Кои се релевантните домашни и странски институции, регулатори, правни лица и други субјекти од кои ААВМУ побарала или добила информации во постапката за утврдување на статусот на овие сервиси, како што впрочем наведовте во Вашата вчерашна реакција? Очекуваме за секој субјект одделно да наведете какви информации, документи и податоци биле доставени, кога биле доставени и под кој архивски број се заведени во ААВМУ.

Во дописот до директорот на ААВМУ, националните радиодифузери исто така наведуваат дека очекуваат во најскор рок ќе  издаде  решение за забрана за емитување на Арена М каналите кои предизвикуваат  штета врз буџетот на Македонија и врз легалните македонски радиодифузери.