Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелациониот суд ја потврди казната од 2,5 години затвор за кумановката Гордана Филиповиќ за прегазениот пешак Ангеловски

/

Македонија

Сподели преку :

Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената судска пресуда за кумановката Гордана Филиповиќ осудена на 2 и пол години затвор за прегазување на пешакот Слободан Ангеловски. Несреќата се случи во јануари 2022-ра година, на пешачкиот премин кај мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје.

Со одлуката, која ја потврдија членовите на семејството на загинатиот Ангеловски, пресудата станува правосилна цели 4 и пол години по трагедијата.

Апелациониот суд ги отфрлил жалбите и на обвинителството кое бараше повисока затворска казна и на одбраната која бараше поништување на пресудата и утврдување на околностите на  несреќата.

Семејството Ангеловски, како и обвинителството сметаа дека казната е преблага бидејќи Филиповиќ беше обвинета за дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот по став за кој е предвидена минимална казна од 4 години затвор.

Кривичниот суд еднаш и пресуди три години затвор на Филиповиќ, но скопска апелација ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење на кое беше изведено и супер вештачење.

Обвинетата Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која претходно (2020-та година) настрада во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст, а тројца меѓу кои и затвореник на отсуство, во бизарен и вознемирувачки случај го осквернавија гробот на настраданата девојка барајќи злато и вредни предмети во гробот, додека се уште траеше судската постапка за несреќата со малолетната Јелена.

Јавното обвинителство од Куманово поднесе обвинение за три лица кои го ископаа гробот на Јелена Филиповиќ

Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители во обид да извршат кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик, на Градските гробишта во Куманово. Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2