Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес за случајот „Државна лотарија“.
На денешното рочиште се изнесуваат докази од страна на Обвинителството..
Од обвинителството најавија дека имаат 231 материјален доказ и седум сведоци – меѓу кои ќе биде и генералниот директор на АД Лотарија.
Адвокатот на Бојан Јанев член на Надзорниот одбор рече дека „од сите докази кои биле приложени на судењето произлегува дека обвинетите не само што не ги сториле делата кои им се ставаат на тоавр туку постапувале по инструкции на Владата по претходната согласност на владата и го штителе државниот интерес како членови на Надзорен одбор.
„За другите не можам да кажам но членовите на Надзорниот одбор постапувале штитејќи го државниот интерес и затоа многу е чудно зошто Обвинителството сака да го заштити монополот на Казино Австрија, а не на „Државна Лотарија“, рече адвокатот Јордан Апостолски.
Според него „Државната лотарија“ можела и самостојно и заедно со други друштва со ограничена одговорност да приредува игри на среќа.
Сите обвинети рекоа дека не чувствуваат вина за делата кои им се ставаат на товар.
Во предметот, покрај екс директорот на Државна лотарија Перпарим Бајрами, обвинети се уште седум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби.













