До Министерството за правда стигнале 5 барања од универзитети за полагање на правосудниот испит на други јазици.
Министерот Јетон Шасивари информираше дека се бара испитот да може да се полага на албански, англиски и турски јазик.
Тој најави дека ќе има средба со претставници на универзитетите и студентите на која ќе им се презентира решението. Шасивари порача дека станува збор за институционално прашање, а не етничко или политичко прашање.













