Две лица од Ново Село на возраст од 30 и 35 години се гонат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” .
По претходен меѓусебен договор, во сокриен дел од парцела на место викано „Матник“ во атар на село Секирник, струмичко, пријавените ја обработиле почвата, посадиле и одгледувале стебла од растението канабис.
Тие во полиција признале дека, откако обезбедиле семе од растението канабис, ја обработиле почвата и направиле нелегална „плантажа“ на која во мај 2026 година ги засадиле семињата и ги одгледувале растенијата со цел производство на марихуана.

Одземени се повеќе стебла со различна висина и вкупна тежина од околу 680 килограми.
По поднесување на кривичната пријава, З.М. и А.Т.Г. биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.













