Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ

/

Македонија

Сподели преку :

Арамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат.

Неформален разговор во ходник го прикажува како средба а како најголем „успех“ го претставува 5 милиони долари за антимон.  Народот не го прашува, сам одлучува, пишуваат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека премиерот со него повел делегација од околу 50 луѓе на трошок на граѓаните.

-За концерт фрлија 5,53 милиони евра народни пари од Лотарија а за отров 5 милиони долари ги претставува како голема инвестиција.  Антимонот не е храна туку метал за воена индустрија.  Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата. СЗО има лимит во водата за пиење. Европа таквите ископи ги запира затоа што отровот останува, додека профитот заминува. Владата на Мицкоски не може чиста вода за пиење да обезбеди, во Гостивар 11 недели не се објавува извештај за водата, во над 50 населени места не се објавува извештај, тие нема да можат водата, почвата и здравјето на луѓето да ги заштитат од штетните последици од ископот и преработката на антимон, стои во соопштението на партијата.

Од СДСМ посочуваат дека целта на Власта се провизиите и диловите, нешто што граѓаните веќе го знаеле.

-Концертот го платија скапо, богатството на Македонија го распродаваат ефтино, за багателна цена. Разликата е во провизијата. Македонија не е на продажба!, пишуваат од СДСМ.

Jumbo 2