Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Петрушевски ќе сублимира, а на Жерновски му е срам да ги гледа Муцунски и Мицкоски во Вашингтон

/

Македонија

Сподели преку :

Ќе мора да ги сублимираме сите впечатоци од средбите на Генералното собрание на ОН и да видиме што во конкретна смисла тоа ќе донесе, смета Бране Петрушевски од ВМРО – ДПМНЕ во вечерашната емисија „Директно“ на Телма.

  • Што се однесува пак до политичкиот аспект тоа е добро за да се потврдат односите со нашиот стратешки партнер да се побара поддршка и да побараме инвестиции и подобар живот на граѓаните, рече тој.

За разлика од него, со сосема поинакви гледишта е Андреј Жерносвки од СДСМ рече дека ова што го гледаме како фотографии и како средби во Вашингтон се најниското можно ниво на еден премиер и министер за надворешни работи.

  • Не се сеќавам дека некој претседател, премиер или министер без разлика дали е од ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ да се презентира вака. На фотографијата Муцунски и премиерот се на една „магарешка клупа“ седнати во ќошот, па како граѓанин ми е незгодно да го гледам, вели Жерновски.

Тој истакна дека снимката со средба со државниот секретар Рубио може влезе во рубриката „вознемирувачко видео“ и дека средба од 40 секунди да се претстави како разговор, каде биле направени разговори за Стратешкиот дијалог, тое е нешто што е крајно несериозно.

  • Но што е добро е што конечно падна лагата за некаков периметар во кој што премиерот Мицковски не уверуваше дека се наоѓаме, бидејќи тој е лично голем пријател со Трамп и т.н., ова што го видовме е периферија во која што ние се наоѓаме денеска како држава, смета Жерносвки.

Петрушевски ваквите гледишта ги нарече „полувистини и лаги“ и рече дека е факт дека премиерот имал средби со двајца когресмени и премиерот имаше средба со државниот секретр Марко Рубио на која што и од фотографиите и од видеото се гледа срдечноста и според начинот на поздравување се виде дека се и те како добри пријатели.

  • „Она коешто е битно е дека ние сме во периметарот на оваа администрација за разлика од она коешто го слушавме претходно од СДСМ особено во делот на односот којшто го имаа кон оваа администрација и пред се кон претседателот Трамп пред да биде избран за втор мандат какви се изјави имаа, за да сега одеднаш бидат толку загрижени за односот, второ Македонија е прва од Европа која започна стратешки дијалог со САД и тоа е уште еден доказ за тоа колку оваа администрација на Трамп ја смета Македонија во периметарот или не“, рече Петрушевски.

Jumbo 2