Во Њујорк претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на Република Словенија, Јанез Јанша.
– Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу нашите две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот, напиша Мицкоски на Фезјбук.
Тој на средбата истакнал дека Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите кои носат подобар живот за граѓаните.
– Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, вели премиерот.
Словенија е долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО.
Според Мицкоски заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството.













