Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Детство под притисок на дигиталниот свет – има ли национален интерес за возраста до 6 години

/

Македонија

Сподели преку :

Социјалните мрежи ја заменија детска игра. Децата слободното време го пополнуваат со дигиталните содржини, а кои некои од нив и не се за нивна возраст. Универзитетскиот професор Кирил Барбареев преку својата нова книга -„Кризата на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“ ја отвара дебата за посподелена одговорност помеѓу институциите, родителите и научната фела.

„Децата имаат многу забрзано детство и границата на детството е многу скратена. Тие многу рано влегуваат во виртуелниот свет, многу рано влегуваат во содржини и активност кои што немаат капацитет да ја разберат смислата на она што го гледаат. Заради тоа мислам дека возрасните, институциите, родителите треба да бидат многу проактивни, многу да се едуцираме за да успееме да создадеме поквалитетен ритам на денот на децата“, проф.д-р Кирил Барбареев автор на книгата -„Кризата на детството: Загубениот дух на детството и смислата на играта“

Научната фела забележа дека социјалните мрежи го менуваат и начинот на воспитуваање на децата, а семејството и училиштатата се во постојана трка како да го задржат своето влијание. Во виртуелниот свет децата не наоѓаат само забава, туку и содржини и модели на однесување.

„На крајот се наметнува дали има национален интерес за возраста од 0 до 6 години во Македонија“, праша проф.д-р Лена Дамевска Филозофски факултет Скопје 

Денешната тракалезна маса отвори низа на прашања, проблеми, а земјите од Европската унија веќе бараат решинија за децата и социјалните мрежи. Минатата недела Европската комисија предложи деца под 13 години да немаат пристап до социјалните мрежи, додека за 14 годишните би имало  само родителски надгледувани ограничени профили.

 

 

Jumbo 2