Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утрото ведро и постудено, во текот на денот сончево со локална облачност– Временска прогноза за 23.9.2026

/

Временска прогноза

Сподели преку :

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 13°C, а максимумот од 16 до 24°C.

Информација од ова утро 22.9.2026

Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
19 Гевгелија, 16 Скопје, Кавадарци, Демир Капија, Велес, 15 Струмица, 14 Виница, Тетово, Штип, 12 Прилеп, Битола, Куманово, 10 Крива Паланка, Берово, Охрид, Претор, Пожаране, 8 Крушево.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

8 Битола, 1 Претор, Берово, Охрид.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]