Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голема акција против криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи

/

Македонија

Сподели преку :

Најмалку 6 лица се приведени во големата акција која започна утринава против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и медицински суплементи.

Од МВР потврдија дека во акцијата учествуваат повеќе полициски тимови и е под раководство на обвинител од Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Се вршат претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија на десетина локации. Според информации на Телма и вработени во АХВ се на терен, а се пломбирани и дуќани и куќи. Меѓу приведените е и еден припадник на царината, а Телма дознава дека бил во комуникација со осомничените во случајот.

  • ОЈО ГОКК: „Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО за ГОКК, Министерството за внатрешни работи – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал рано утрово започна полициска акција насочена кон сузбивање криминална група осомничена за криумчарење стоки и кривични дела од коруптивна природа.Во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации. По нивното завршување, обвинителството подетално ќе ја информира јавноста.“

Од МВР и од Обвинителството се уште не соопштуваат детали за акцијата. Од МВР само кратко велат дека акцијата е „насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење на стоки и извршување на коруптивни кривични дела.“ Со истрагата се опфатени и дела за поткуп и повреда на права од индустриска сопственост, а постојат сомнежи за перење на пари стекнати со нелегалната трговија на медицински препарати.

Марија Митевска

Jumbo 2