Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште еден обид да се одблокира Бадентеровото мнозинство во Собранието

/

Македонија

Сподели преку :

Неколку закони за кои е потребно Бадентерово мнозинство, ќе се најдат на дневен ред за десетина дена иако нема договор за поддршка. Се работи за 12 закони кои се потребни за усогласување со новиот Закон за висока раководна служба, кој ќе почне да се применува од 1 октомври и треба да воспостави мерит-систем при изборот на високи раководители во јавниот сектор.

-Точно е дека имаме проблем со Бадентеровото мнозинство, но за се треба да се бара решение. Јас разговарам со сите партии и се надевам за брзо време да најдеме решение, ако треба и закон по закон, важно е Собранието да профункционира во овој дел, изјави Африм Гаши, претседател на Собрание.

Иако имаше најави и за продолжување на работата на Изборниот законик, засега нема иницијатива ниту од партиите, ниту од министерството. Гаши изјави дека, доколку е потребна негова асистенција, ќе биде на располагање, затоа што му е „важно да се донесе законот, а не кој ќе ја преземе славата„.

Продолжување на работата чека и Анкетната комисија која треба да расправа за сите трагедии што се случија во последните години. Од Левица најавиле дека на почетокот на октомври ќе ја свикаат Постојаната анкетна комисија, па се очекува по нејзиното завршување да почне работата и на другата комисија.

Законот за минимална плата на СДСМ ќе се најде на седница во октомври. Пратеничката група на Вреди уште нема изградено став за ова, додела личниот став на Гаши е дека „примањата треба да се зголемат, но одлуката е сепак на Министерството за финансии„.

За исто така искажан личен став во врска со пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК, за што беше критикуван од опозицијата и од македонската јавност, како и од српскиот претседател, Александар Вучиќ, на денешната средба со новинарите рече дека има  право на личен став и како граѓанин и како политичар, независно од функцијата на која во моментов се наоѓа.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2