Стар, тесен и преоптоварен со сообраќај. Стариот пат Битола–Прилеп е главната алтернатива додека се гради новиот автопат. Со секое ново пренасочување, на него се префрлаат уште поголем број возила.
-Патот е никаков, потребно е друго решение, луѓето страдаат. Тежок е за возење, преоптоварен е со сообраќај, а нема прегледност. Претекнуваат и се случуваат несреќи, вели граѓанин.
-Цел сообраќај е таму насочен, тоа е проблемот, вели друг граѓанин.
Затоа, се погласни се барањата за дополнителни мерки за безбедност, додека не биде завршен новиот автопат.
–Стариот пат од Битола за Приелеп речиси една година е алтернативно решение додека се гради автопатот што ќе ги поврзува двата града. Патот е лош и тесен, секоја недела овде се случува по една сообраќајна несреќа, се вози брзо, а оние што го користат секојдневно велат дека патот не е соодветен за оваа фреквенција на сообраќај“.
Загрижени се и стопанствениците од Битола, кои имаат конкретни барања за поголема безбедност-проширување на делниците каде што се претекнува, подобра хоризонтална сигнализација и ограничување на движењето на тешки товарни возила во периодите на најголема фреквенција.
„Свесни сме дека се работи на изведување на новиот пат и се радуваме и го очекуваме, но сметаме дека треба да се направи план за сè повеќе зголемената фреквенција на привремениот пат што се користи. Со новите исклучувања и пренасочувања, речиси целиот патен правец од Битола кон Прилеп и обратно се вози по стариот пат кој е тесен, затревен и непрегледен.“, се наведува во ПИСМО НА РАБОТОДАВАЧИ.
Од подружницата на „Македонија пат“ во Битола велат дека се што е во нивна надлежност се спроведува. Но, последната сообраќајка повторно го отвори пршањето за безбедноста на овој патен правец. Се уште трае истрагата за несреќата во која загина 17-годишната девојка, а 4 лица се тешко повредени.
„Првичните увидни резултати упатуваат на сомненија дека едниот од возачите со автомобилот преминал во коловозот во спротивен правец и директно се судрил со другиот автомобил. Возачот во моментов е хоспитализиран со тешки телесни повреди.“ соопштија од ОЈО
Новиот автопат треба да го реши долгорочниот проблем, но додека трае изградбата, стариот пат останува главната врска меѓу Битола-Прилеп. Се очекуваше дел од сообраќајот да го преземе и железницата. Возот Прилеп Битола ИЗ Жабени, беше најавен за јуни, па за септември, но се уште го нема.
Емилија Мисирлиевски













