Ниската откупна цена на индустриската пиперка годинава им зададе сериозни проблеми на производителите. Наместо очекуваната заработка по завршувањето на производствениот циклус, земјоделците се соочија со отежнат пласман
Производителите велат дека откупните цени со кои се соочија годинава не ги покриваат ниту трошоците за производството. Според нив, и покрај вложениот труд и средства, голем дел од родот е откупуван по цени кои се под производната цена.
„Мораме да кажеме дека оваа година за жал од последните неколку години самите производители на индустриска пиперка ќе ја паметат по тоа што својот производ го дадоа по ниски цени кои ни оддалеку не ги покриваат цените на смото производство. Што се случи не е јасно, самите трговци знаат по која цена го пласираат производот меѓутоа тој што го произведува остана хендикепиран бидејќи го даваат производот под цената на чинење“ рече Ристо Велков.
Дополнителен проблем за производителите е тоа што дел од родот останал на нивите додека земјоделците чекале подобри услови за продажба. Но, чекањето не секогаш значело и повисока цена.
„Мораме да кажеме дека голем дел од самото призводство остана и во јнивите. Додека земјоделците чекаа производот да достигне некоја цена по која ќе го пласираат, доста од производството угина бидејќи беше нападнато од различни болести. Значи освен ниска откупна цена с есоочи и со напад од болести“, додава Велков.
Проблемот, според земјоделците, не е само во висината на откупната цена, туку и во неизвесноста со која ја започнуваат и ја завршуваат производствената сезона. Доколку нема стабилен пласман и цена која ќе ги покрие производните трошоци, производството на индустриска пиперка за дел од земјоделците станува сè поризично.
Сузана Мицева













