Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од куќа украле сеф тежок 400 килограми, четворица се осомничени за серија кражби на предмети вредни 250 000 евра

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба.

Четворицата подолг временски период – од април до септември годинава извршиле повеќе тешки кражби во села на подрачјето на Општина Боговиње, при што провалиле во над 10 куќи од каде одзеле пари, златен накит и разни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола.

При една од кражбите во селото Палчиште успеале од домот на оштетениот да извлечат сеф тежок околу 400 килограми. Вкупната вредност на украдените предмети до овој момент се проценува на приближно 15.000.000 денари.

Јавниот обвинител интензивно постапува за обезбедување докази за сите настани.

Од полицијата за истиот случај информираат дека се уапсени сите 4 осомничени.

Од слобода се лишени  С.У.(26) од с.Долно Палчиште и А.Е.(34) од с.Липково, од кој било  одземено патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, а на неколку локации на подрачјето на с.Камењане и с.Палчиште пронајдени се и одземени ловечка пушка и ловечки карабин, како и поголема количина на муниција и патрони од различен калибар и повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Уапсени се и  Б.У. (26) во с.Долно Палчиште, по што и тој бил лишен од слобода и А.А.(34) од с.Отља, липковско и од него било одземено патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки.
Jumbo 2