Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее

/

Македонија

Сподели преку :

Во Македонија стана невозможно да се живее поради огромниот раст на трошоците и катастрофалното управување со економијата од страна на Владата на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, при денешната посета на Струга.

На средбите граѓаните ги споделуваат своите секојдневни проблеми, пред сè поврзани со животниот стандард, семејните финансии и растот на цените, рече Филипче.

–Синдикалната кошничка за само еден месец е зголемена за речиси 1.000 денари. Кога ќе се додадат трошоците за кирија за просечен стан или ратата за станбен кредит, таа достигнува близу 90.000 денари. Во Македонија стана невозможно да се живее со криминалната власт предводена од Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

Тој предупреди дека огромната економска и финансиска криза, предизвикана од лошото управување на власта, во следниот период дополнително ќе се продлабочува.

–Во последниот објавен квартал од 2026 година има само 18 милиони евра странски инвестиции, во споредба со 250 милиони евра во времето на владите на СДСМ. Тоа е еден од најјасните показатели дека државата економски тоне, истакна Филипче.

Jumbo 2