Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчеравечер се случила на автопатот Куманово – Скопје кај Агино Село.
На местото на настанот починале сопатниците од возилото опел корса В.Н. (49) и Л.М. (71) од Скопје.
Л.Н. (48), сопатничка од возилото „опел корса“ се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.Н. ( 28) и С.Н. (27) од Скопје се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додаваат од полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител, возачот на патничкото возило „мерцедес“ М.М. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.













