Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Алкалоид“ на хуманитарен пикник собра 2,2 милиони денари и ги донира на клиниката за респираторни заболувања „Козле“.

/

Македонија

Сподели преку :

Под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ се одржа дванаесетиот хуманитарен пикник за вработените на „Алкалоид“. Оваа година беа собрани 2,2 милиони денари кои се донирани на Универзитетската клиника за респираторни за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

–Оваа година се одлучивме она што е активност на нашите вработени, каде што покрај делот на професионална работа, тука се да покажат дека во нив има човечност, дека има солидарност и дека помагаме онаму кадешто е потребно да помагаме. Оваа година одлучивме да им помогнеме на најмалите и на професионалците кои водат грижа за најмалите, затоа што тоа е дел од нашето мото, нашата мисија, а тоа е „Здравјето пред сѐ“. Ние пред 15 години започнавме со организирање на овие хуманитарни пикници. За овие 15 години се собрани 14 милиони денари кои беа донирани на разни организации, здруженија кои имаа потреба од тие средства. Оваа година собравме 2,2 милиони денари и се одлучивме да ги донираме на Клиничката болница за респираторни болести кај децата„Козле“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“.

–Со оваа опрема којашто ќе биде најсофистицирана за бронхолошкиот кабинет во нашата клиника која е единствена која има бронхолошки кабинет и бронхоскопска екипа, каде што се изведуваат бронхоскопии кај децата од најмала возраст. А тоа се дијагностички за подетална дијагноза на респираторните болести, итни бронхоскопии, терапевтски кога се работи за инхалирани туѓи тела коишто не се ретки во детската возраст и се една драматична и тешка состојба. Овој најнов бронхолошки столб со видеофибер бронхоскоп ќе ни ги подигне критериумите и полесно ќе работиме, целата наша бронхоскопска екипа во која работат врвни професионалци, орлспецијалисти, педијатри, изјави проф.д-р Катерина Бошковска , директорка на Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

Jumbo 2