Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Ткајачите на филм“ пристигнуваат во Битола, започнува 47 издание на ИФФК „Браќа Манаки“

/

Култура

Сподели преку :

Вечерва свечено се отвора 47. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“. Се прават последните подготовки, се поставува црвенито килим, гостите пристигнуваат. Церемонијата започнува во 20 часот во Центарот за култура во Битола.

Во седумте фестивалски денови ќе бидат прикажани повеќе од 80 филмови во неколки програми, од кои 12 се во главната конкуренција. „Ткајачи на филм“ е мотото што ја обединува визуелната приказна на годинашното издание на фестивалот.

Акредитирани се рекордни 700 филмски работници и истаккнати имиња од светската кинематографија.Фестивалот го отвора македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума, кој носи приказна за три генерации жени меѓу традицијата и современите предизвици.

Двајца светски кинематографери се годинашни лауреати. „Златна камера 300“ за животно дело му припадна на Дан Лаустен, директор на фотографија на филмови како „Обликот на водата“, „Алејата на кошмарите“ и „Франкенштајн“.

Џеф Кроненвет ја добива престижната награда за особен придонес во филмската уметност. Негови се визуелните решенија на „Боречки клуб“, „Социјална мрежа“, „Исчезната“ и „Девојката со тетоважа на змеј“, за кои има и две номинации за „Оскар“.

Годинашната „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ е актерот Петре Арсовски. Наградата ќе му биде врачена вечерва.

„Браќа Манаки“ ќе трае до 25 септември, а ќе биде затворен со македонската премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ, со кинематографија на Дејан Димески.

Емилија Мисирлиевски
снимател Златко Јосифовски

Jumbo 2