Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аеродромот ТАВ ја повлече одлуката за само еден бесплатен пристап на едно возило во период од 24 во зоната „Hug & Fly“

/

Економија

Сподели преку :

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата ја

информира јавноста дека, во рамки на анализата на условите и режимот за користење на

зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје, од ТАВ Македонија беа

побарани дополнителни појаснувања и релевантни податоци во врска со воведеното

ограничување на бесплатниот пристап.

По доставеното барање, ТАВ Македонија ја извести Комисијата дека ја повлече одлуката

со која бесплатниот пристап на едно возило беше ограничен на еден влез во период од 24

часа.

Комисијата ја поздравува одлуката на ТАВ Македонија за повлекување на мерката и ќе

продолжи да ја следи состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура,

особено од аспект на обезбедување еднакви и недискриминаторски услови за сите

учесници на пазарот.