Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јотова пред Советот на Европа го отвори случајот со Ива Михајлова: Македонија одбива бугарски лекари да ја лекуваат обвинетата

/

Македонија

Сподели преку :

Бугарската претседателка Илијана Јотова на средбата со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во Стразбур го отворила случајот со Ива Михајлова, млада девојка со бугарско и македонско државјанство која е обвинета за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици и против која се води судски спор во Кочани.

Јотова рекла дека Бугарија не сака да се меша во правосудната постапка во Северна Македонија, но инсистира Михајлова да добие пристап до неопходниот медицински третман, „имајќи ги предвид нејзините сериозни здравствени компликации“.

Според Јотова, бугарските власти  понудиле две можности – Михајлова да се лекува во Бугарија или бугарски медицински тим да дојде во Северна Македонија за да изврши консултација. Таа тврди дека ниту една од понудените опции не била прифатена.

Според Јотова на Михајлова и било ускратено правото да добие медицински третман во Бугарија поради правна постапка што се води против неа во Кочани

Јотова пред Берсе изјавила дека станува збор за случај во кој, како што оценила, „личен случај е претворен во политичко прашање“ и предупредила на можни последици по човековите права.

Јотова најавила дека до генералниот секретар на Советот на Европа ќе достави детални информации за случајот. Берсе, пак, посочил дека Советот на Европа не разгледува поединечни случаи, но изразил подготвеност со интерес да го разгледа случајот доколку тој може да укаже на пошироки прашања поврзани со заштитата на човековите права.

Jumbo 2