ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштени вели дека СДС и ДУИ оставиле зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку судство со двојни аршини.
–Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудните органи, за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години. Додека пак, кога се работи за тешки криминали и дела со смртни последици во кои постојат сомненија дека се вклучени лица од или блиски на СДС и ДУИ, како што се Венко Филипче, Зоран Заев и блиски на Али Ахмети, одговорност нема, велат од партијата на власт.
Оттаму посочуваат дека за случајот Ласкарци, каде што загинаа 16 луѓе, за пожарот во модуларната болница во Тетово, како и за криминалниот случај Мазут, тежок од 167 милиони евра, граѓаните со години чекаат правда, а одговорност за никој нема.
Ова се двојните стандарди кои ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството. Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДС и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува. Правдата не смее да има партиска книшка, правосудството не може да биде заштитник и партиски бастион и упориште на моќниците од СДС и ДУИ. Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДС и ДУИ, стои во соопштението.
Порачуваат дека законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде еднаква и достапна за сите граѓани.













