Mалолетното девојче неколку часа не одговарало ниту на телефонските повици, ниту на ѕвонењето на вратата, родителите побарале помош од ТППЕ Струмица.
Станот се наоѓал на четвртиот кат, па пожарникарите со помош на автоскала пристапиле до терасата. Откако било овозможено отворање на вратата, тие влегле во станот за да проверат дали девојчето е безбедно.
Пожарникарите влегле преку прозорецот во станот, девојчето за среќа било во добра здравствена состојба, а не одговарло на повиците бидејќи длабоко заспало.
Од ТППЕ Струмица интервенцијата ја опишаа како необична, но за родителите таа завршила со огромно олеснување.













