Соѕиданите 350 илјади евра пронајдени во семејната куќа на обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов одбраната тврди дека се на неговиот татко преку сведочењето на неговиот адвокат Александар Варела кој присуствувал на претресот. Варела пред судот изјави дека кога го прашал Здравко Ристов зошто не му пријавил дека има пари во ѕидот, тој му одговорил дека не мислел дека претресот ќе оди толку далеку и не сакал да знаат децата дека има скриени пари.
Обвинителката Искра Хаџи Василева смета дека неговата изјава е некредибилна.
Во однос на некои факти тој даваше просто невистинити изјави, си дозволувам бидејќи таквите негови изјави некоиндицираат со материјалните докази и видео материјал кои ние сите имавме прилика да го видиме на претходните рочишта, изјави Искра Хаџи Василева, обвинителка.
Обвинителството претходно презентираше докази дека ДНК на обвинетиот Ристов е пронајдена на парите, а беше презентирано и видео од претресот на кое полицијата го прашува неговиот татко за содржината на алуминиумските фолии во кои биле завиткани парите, а тој одговорил не знае што има во нив и дека може неговиот син ги ставил таму, кој го користел тој спрат од куќата.
Ѕвонко Давидовиќ, адвокатот на Ристов смета дека обвинителството нема докази дека парите се на неговиот клиент.
Обвинителот даде записник за извршен претрес и записник на кој се одземени парите и на кој е потпишан Здравко Ристов уште од првиот миг и којшто во забелешка во записникот ставил дека тоа се негови пари. Јас не гледам друг доказ кој обвинителот понуди, рече Ѕвонко Давидовиќ, адвокат на Ристов.
На рочиштето имаше и сведок на обвинителството, сопственик на мобилара кој изјави дека во евиденцијата го нема мобилниот телефон на Ристов за поправка наспорти тврдењето на обвинетиот дека затоа тој телефон не е предаден во обвинителството.
-Обвинетиот спротивно на својот исказ дека бил таму и го однел на поправка, воопшто не бил. Телефонот нас како истрага воопшто не ни беше достапен, оној телефонски апарат што го користел до тогаш, изјави обвинителката.
-Да не бил оставен затоа што не се поправал тоа го кажа и човекот и дека телефоните кои што не може да ги поправи, кои што нема да ги прими на сервис не се евидентирани, изјави Давидовиќ.
Ристов е обвинет за прикривање имот и перење пари.
Марија Митевска













