Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за „лотото“ на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

/

Македонија

Сподели преку :

Откако „арамијата“ Мицкоски излажа дека се потрошени „нула денари“ за прославата на незавиноста и јавноста дозна дека отишле 5,5 милиони евра, владата ги крие документите. Станува збор за огромни народни пари, а власта ги крие одлуките, договорите, анексите, фактурите, исплатите, на граѓаните им крие каде ги потрошиле нивните пари, велат од СДСМ.

Според Кети Штерјова така функционира криминална банда, организирана криминална група: Крие, за да не се дознаат провизиите, криминалите, матните зделки, да не се дознае дека во нивните  џебови завршија 5,5 милиони евра. Граѓаните ја платија сметката за Мицкоски и не може да се крие.

Од СДСМ бараат сега Јавното обвинителство мора веднаш да отвори истрага, да ја обезбеди целокупната документација и да го следи текот на парите и начинот на кој се носеле одлуките.

Владата ѝ наложила на Државната лотарија да ја организира и финансира прославата, велат од СДСМ.

Jumbo 2