Полицијата поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, и две општински службенички, за сомнително издавање дозволи за градба… Пријавите се поднесени по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага на секторите за економски криминал и корупција…
Според МВР, првопријавената Благица Блажевска како раководител на Сектор за урбанизам во Општина Карпош, во содејство со второпријавената Симона Серафимовска Ѓуреска издале одобренија и решенија за градба и покрај тоа што дел од постапките се однесувале на локација со укинат ДУП или проекти кои не биле усогласени со урбанистичкиот план…
За едниот случај, на инвеститорите наводно им било овозможено противправно да се стекнат со право на изградба на објект вреден повеќе од 10 милиони денари..
Во пријавата се опфатени и два случаи со настрешници, за кои полицијата тврди дека биле одобрени иако не ги исполнувале законските услови, а во еден случај претходно било донесено и решение за нивно отстранување.
Јакимовски е пријавен за несовесно работење во службата, додека двете службенички се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.
Претходната недела Врховниот суд ги укина пресудите со кои Стевче Јакимовски беше осуден на година дена затвор за злоупотреби при легализација на привременото општинско седиште во Карпош… Јакимовски уште е во затвор, на болничко лекување, бидејќи Врховниот суд се уште не го доставил одлуките до надлежните судови…













