Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загина жител на Октиси откако падна во ископ за бунар – телото кое го извлекоа пожарникарите е предадено на обдукција

/

Македонија

Сподели преку :

На 14.09.2026 во 15:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека Б.М.(70) од струшкото село Октиси паднал во ископ за бунар во дворно место на куќа во селото, што го вршела градежна фирма.

Неговото тело било извлечено од припадници на Територијалната противпожарна единица од Струга, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Здравствен дом Вевчани.

Увид извршија јавен обвинител, претставници од Државниот инспекторат за труд и полициски екипи.

Врз телото на починатиот, ќе биде извршена обдукција, соопштуваат од СВР Струга.

 

Jumbo 2