Ограбувале станови, деловни објекти и патнички возила – двајца кочанчани се осомничени дека за два месеци во август и септември извршиле седум тешки кражби и имале три обиди за кражби.
Оперирале во повеќе градови – во Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип.
Уапените се на возраст на 26 и 43 години.
По судска наредба биле претресени нивните домови, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите.
Едниот од осомничените се товари и за спречување на докажување. .













