Дејан Јованов – Деко со имот ќе гарантира дека нема да бега ако тоа го дозволи судот. Адвокатката на сопственикот на дискотеката Пулс, не знае колкав имот ќе понуди нејзиниот клиент но вели ваквиот потег е за да се убеди и јавноста и судот дека тој нема да избега по излегувањето од притвор. Телма минатата недела објави дека на 3 октомви истекува законскиот рок до кога, Јованов може да биде зад решетки откако судот цела година му го продолжуваше притворот заради опасност од бегство. Адвокатката ја коментираше и изјавата на државниот обвинител Ненад Савевски во однос на тоа кои следни чекори ќе ги преземе обвинителстовто.
„ За тоа кои се тие можности што тие ги разгледуваат. Тука притвор не може да се продолжи освен ако не се измисли ново кривично дело, а имајќи го превид фактот дека со доказите располагаат цела година, ако имало, досега ќе имало таква постапка Ивана Коцевска – адвокат
Судењето за трагедијата која се случи на 16 март лани, а во која загинаа 63 луѓе а повеќе од 200 се повредени започна лани во ноември и се уште трае. Јованов освен заради можност од бегство доби притвор и за да не влијае врз сведоците. Според адвокатката тој не е крив што процесот е долг и се одвива прротив 34 луѓе, три фирми и опфаќа долг период на дејствата. Потенцираше дека тој не бега од одговорност но делото дека е сторено со умисла за неа е спорно. Од друга страна родителите на жртвите и денес поврторија дека очекуваат правда.
„Имаме доверба во обвинителството и судот, првадата да не се одолговлекува. Цело Кочани е завиено во црно“ – изјави Александар Наунов, родител.
Инаку сите оосвен Јованов, или се бранат од слобода а имаат мерки на претпазливост, или се во домашен притвор или имаат дадено гаранција. Денеска се одржа 40 тото рочиште од процесот на кое адвокатите го оспорија сведочењето на вештак од Градежниот факултет. Се сомневаа дека обвинителството и кажало на професокраката што ќе ја праша а таа си чита спремен одговор, па побараа изземање на вештакот. Судот дополнително рече дека ќе одлучи за двете барања и за гаранцијата и за изземањето.
Билјана Николовска













