Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако вработениот е на боледување, а комисијата не го најде дома ќе мора да објасни каде бил – нов правилник на ФЗОМ да се намалат злоупотреби со боледувања

/

Македонија

Сподели преку :

Чести контроли и скратување на боледувањата, со овие мерки фондот сака да ги намали злоупотребите. Пет дена е новиот максимален рок за боледување што ќе може да го издаде матичниот лекар, со што се скратува досегашната граница од седум дена. Оваа новина е дел од новиот правилник на Фондот за здравствено осигурување, кој треба да спречи злоупотреби. За да се утврди дали боледувањата се реални, контролорите ќе излегуваат на терен со проверки по случаен избор или по пријава од работодавачите.

„Во делот на контролата, воспоставуваме механизми на заедничка контрола со останатите чинители во рамки на системот, како Управата за јавни приходи, како Министерството за внатрешни работи, сѐ со цел да можеме соодветно, границите во рамки на на секој сектор контролата да ги извршува своите контроли. Новина е што согласно извештајот на контролорот,  издаденото лекарско за боледување од страна на лекарска комисија, ќе може да се дополнително ревидира“, рече Златко Перински директор на ФЗОРСМ

Доколку контролорот не го најде пациентот дома за време на боледувањето, ќе му остави писмо со обврска лично да се јави пред лекарска комисија и да објасни каде бил. За ова ќе биде известен и работодавачот.

„Околу 30% од примерокот кој што е истражуван би рекол во рамки на МВР се со утврдени неправилности и следствено на тоа фондот има издадено и парични казни. При крај е анализата на боледувањата кои што ги пријави министерството за одбрана, за многу кратко од сега ќе информираме. Но она што е несекојдневно во рамки на фондот е што не само вработени во јавниот сектор имаат злоупотреби на боледување, туку во последно време се соочуваме со многу предизвици којшто доаѓаат и од приватниот сектор и на пријава на работодавци фондот уврдува неправилности“, рече Златко Перински директор на ФЗОРСМ

За оваа година, Фондот за здравство има издвоено над 104 милиони евра за боледувања и породилно отсуство. Само во август биле исплатени над 10 милиони евра, од кои поголемиот дел се однесуваат на породилни отсуства. Управниот одбор на фоднот треба да заседава следната недела, по што новите измени ќе бидат испратени на согласност во Министерството за здравство, а потоа и официјално ќе ќе започнат да се применуваат.

Симона Петровска

 

Jumbo 2