Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Навреди и закани дека ќе го коле на плоштад – премиерот откри што пишувало лицето кое му се закануваше

/

Македонија

Сподели преку :

Сум бил свиња и ќе ме колел – вакви навреди како што рече Мицкоски упатувало лицето од Черкези кое доби притвор за загрзување на сигурноста на премиерот.

Премиерот денеска рече дека очекува надлежните институции да го расчистат случајот.

„Вчера дознав за тие закани кои се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад, а упатил и пцовки кон мене и моето семејство.

„Јас сум сепак институција. Кога не би било ова, знам како се решаваат тие работи, но претпоставувам дека институциите си ги презеле своите надлежности и преку Министерството за внатрешни работи го обезбедиле лицето .Се надевам дека понатаму правосудниот систем ќе го спроведе истото и ќе му каже што му е местото“, изјави Мицкоски.

Претходно обвинителството соопшти дека осомничениот е извршител на други кривични дела – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, и дека  станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители. Поради ова Обвинителството оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува.

Му се заканувал на премиерот преку социјални мрежи – ОЈО Куманово поведе постапка против 39-годишник од село Черкези, бил конфликтна личност

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на премиерот. „Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2