Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица сведоци не се појавија, родителите со апел „ако треба донесете ги со полициска придружба“ – одложено судењето против 13 полициски службеници за „Пулс“

/

Македонија

Сподели преку :

Судењето против 13 полициски службеници и началници кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска беше одложено, бидејќи ниту еден од повиканите четворица сведоци не се појави. Родителите на жртвите со апел и до судот и до сведоците да не се одолговлекува процесот.

„Ние му препорачуваме на судот и покрај тоа што не дојдоа сведоците, уредно да ги поканат и повикаат и да контактираат со нив зошто не се присутни и да ги известат, затоа што ние губиме време, губиме живци. Тие што доаѓаме имаме големи стресови и го повикувам судот уредно да ги покани и сите механизми да ги преземе што треба. Ако треба и со полициска придружба да ги донесе“, вели Драги Стојанов, родител на жртва од пожарот во „Пулс“.

Тие најавија марш во Кочани во среда за одбележување на година и половина од пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Воедно ги повикаа нивните сограѓани да им пружат поддршка. Родителите на жртвите се жалат и дека сега се соочуваат со закани за тужби од адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ поради тоа што зборуваат во јавност против нив.

„Тој адвокат пред да ми поднесе кривична пријава нека малку седне и нека го стави прстот на главата и да размисли. Со него сакам да се замениме со местата само на 10 минути. Неговото дете да беше убиено и јас да сум му адвокат, како ќе се однесува и чувствува. Ако мисли дека ќе ми поднесе кривична пријава и ќе земе пари од мене, како со тие пари ќе ја храни неговата фамилија“, прашува Стојанов.

Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката.

Марија Митевска

Jumbo 2