Студентите во Србија кои ќе учествуваат со своја изборна листа на вонредните парламентарни избори ги собраа потписите за поддршка, а денеска треба да ги достават до Републичката изборна комисија.
Студентите оценуваат дека одзивот на граѓаните бил „феноменален“. Потписи се собираа на повеќе локации низ земјата, а голем број граѓани се собраа и во Нови Сад, каде беа забележани долги редици за поддршка на студентската листа.
„Пред повеќе од една година побаравме избори. Изборите се распишани и сега започнува она за што се подготвувавме цело ова време“, порачаа студентите.
Собирањето потписи започна во Белград, а акцијата продолжи и во другите градови низ Србија. Студентите кои го блокираат Универзитетот во Ниш ги повикаа граѓаните да ја поддржат кандидатурата на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“.
Листата на владеачката партија која ја предводи актуелниот претседател Александар Вучиќ, а сега кандидат за премиер ќе биде број еден на гласачкото ливче – одлучи Републичката изборна комисија. Листата се вика „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, и потписите за неа се доставени до РИК.
– Сметаме дека се исполнети условите РИК да ја објави листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“ за изборите за пратеници. Со проверката е утврдено дека предложената листа ги исполнува условите и дека е приложена целата законски пропишана документација, која е правно валидна – изјавија од РИК.
Вонредните парламентарни избори во Србија се закажани за 25 октомври.
Гласањето ќе се одржи речиси две години откако се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица, предизвикувајќи демонстрации предводени од млади луѓе кои ја обвинуваат власта за корупција.












