Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притворот за газда Деко истекува на 3 октомври – адвокатката најави поднесување на гаранција и бара почитување на неговите права

/

Македонија

Сподели преку :

За помалку од еден месец, поточно на 3 октомври, истекува законскиот рок по кој газдата на „Пулс“, Дејан Јованов и други обвинети за пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе не можат да останат во ефективен притвор.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска на денешното рочиште најави поднесување на гаранција дека газда Деко ќе биде присутен на рочиштата и го замоли судот да издаде писмена дозвола за посета од нотар за заверка на согласноста која ќе биде дел од гаранцијата.

Написите во јавноста ги смета за притисок по секоја цена да се бара основа за нов притвор, со што, според неа, се нарушуваат правата на нејзиниот клиент. Коцевска реагира и на изјавата на државниот обвинител Ненад Савески кој најави разгледување на можности за продолжување на мерката.

„Ново кривично дело е само изигрување со правата на обвинетите, но тука има сериозен притисок. Не се трудиме и не ја негираме одговорноста за настанот, туку бараме да му се почитуваат правата како обвинет, а оваа мерка е само за него, и покрај околностите со здравствената состојба кои не се ни за коментирање. Фер судење не е привилегија, туку е оснивен принцип на кој се темели една држава. Со свесност за предметот и тежината и сочувствување со сите засегнати од трагедијата со која никој не е рамнодушен, но треба да се докаже дека функционира правната држава“, изјави адвокатката Коцевска.

Судијката Дијана Груевска на ова одговори дека законот ќе се почитува во целост и оти правата на обвинетиот и досега не биле загрозени.

„Точно е дека на 3.10 притворот мора да прекине, како ќе одлучи кривичниот совет понатаму ќе видиме“, рече судјката Груевска.

Според законот, обвинет може да биде задржан во притвор максимум една година од оценката на обвинението. За „Пулс“ тоа е 3 октомври, кога му истекува ефективниот притвор на Дејан Јованов. Последните неколку месеци, судот за петмина обвинети кои биле во куќен притвор прифатил гаранции и им ги укинал мерките.

С.Д.

Сопственикот на Пулс за неполн месец излегува од притвор, законот го ослободува после една година од обвинение

Дејан Јованов –  Деко, сопственикот на дискотеката Пулс од Кочани, во која загинаа 63 луѓе во катастрофалниот пожар, за неполн месец излегува од притвор. Ова за Телма го потврдуваат од Кривичниот суд во Скопје од каде велат дека последното продолжување на притворот му е до 3 октомври. Ќе се брани од слобода бидејќи според законот… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

 

Jumbo 2