Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Му се заканувал на премиерот преку социјални мрежи – ОЈО Куманово поведе постапка против 39-годишник од село Черкези, бил конфликтна личност

/

Македонија

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на премиерот.

„Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти Јавното обвинителство.

Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, додаваат од ЈОРМ.

Jumbo 2