Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре нема да се затвораат граници, превозниците ги откажаа блокадите откако им ветиле брзо решение

/

Македонија

Сподели преку :

Превозниците нема да протестираат, добиле ветување за брзо изнаоѓање на решение за нивниот проблем за престо.

Иако за утре беа најавени блокади, сепак транспортерите од земјава, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора се договорија да не ги затвораат границите кон државите на Европската Унија.

Од  Асоцијацијата Макам Транс  соопштија дека на овој начин го покажуваат разбирање за проблемите кои би настанале со прекинот на синџирот на снабдување со стоки , но и дека  добиле ветување дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање на решение за нивниот престој во шенген зоната подолго од тие 90 дена во период од 180 дена.

Соопштуваат и дека сите подготовки за протестот се ставени во мирување на одреден период

 

Jumbo 2