Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицаец е повреден и влечен со возило, во потера по шверцери кај Блаце

/

Македонија

Сподели преку :

(ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА) Полицаец e нападнат и повреден при обид да сопре возач на товарен „Фолксваген транспортер“ што бил натоварен со разновидна криумчарена стока на патот од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје на местото викано „Вражји вир“

Кога полицајците се обиделе да го сопрат возилото,  возачот не застанал, по што следувало потера, соопшти МВР. Откако успеале да го сопрат и да го приведат возачот, пристигнало уште едно возило, од кое излегло лице и нападнало полицаец.

Асистентите на криумчарите дури со автомобилот го влечеле нападнатиот полицаец. Еден од мажите во автомобилот го фатил полицаецот за раката и го влечел додека возачот го управувал автомобилот. Полицаецот бил пуштен во движење на возилото, по што паднал и бил повреден.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во билтенот на МВР нема информации дали напаѓачите се уапсени.

 

Jumbo 2