Пет милиони евра народни пари се трошат за криминални договори на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку Државна лотарија, додека за македонските лозари нема ниту денар поддршка, обвинуваат од опозициската СДСМ. Според партијата лозарите денес се наоѓаат пред потполн пропаст бидејќи владата не презема никакви чекори да го организира и заштити откупот на грозјето.
„Грозјето скапува по лозјата, а сортата ‘Вранец’ воопшто не се откупува. Откупната цена на белото грозје е мизерни 14 денари по килограм, што е далеку под реалните трошоци во услови на драстично поскапени горива, препарати и ѓубрива“, велат од партијата
СДСМ посочува и дека земјоделците, по цела година вложен труд и финансиски средства, денес се принудени да ги копачат лозовите насади бидејќи нивниот род пропаѓа без пласман.
„Недозволиво е власта да се претставува само како независен посредник. Државата е директен актер на пазарот и со закон учествува во формирањето на откупната цена. Наместо заштита на земјоделците кои ја одржуваат Тиквешијата и го произведуваат препознатливото македонско вино, фокусот на оваа власт се партиските тендери“, порача СДСМ













