Стабилна е состојбата на повредените млади лица кои беа повредени во сообраќајката што се случи вчера кај Миладиновци, информираат од Ургентниот центар за Телма.
Според информациите, 17 годишната повредена девојка е тргната од респиратор и дише самостојно, а во текот на денешниот ден ќе ѝ се направи и компјутерска томографија. Таа патуваше заедно со нејзиниот татко и брат кои загинаа на лице место по директниот судир со возило опел корса.
Едно од тешко повредените момчиња од опелот е на механичка вентилација и има повреди на градниот кош.
Неговиот сопатник 19 годишно момче е на механичка вентилација и под дејство на седативи. Дише со помош на респиратор и неговата состојба се оценува како стабилна.
Во сообраќајната несреќа која се случи случи вчера во близина на полициската хеликоптерска база Брест загинаа татко и син, во директен судир со возило опел костра управувано од 19-годишен кумановец.
По сударот, корсата се запалила, а возачот и неговиот сопатник успеале да излезат.
Во хјундаито останале заглавени таткото, синот и ќерката.













